.....Доколку ви треба пријатен одмор во природа опкружени со свеж планиски воздух, мир и тишина за Вас и Вашето семејство тогаш сте на вистинското место. На само пет минути пешачење од скијачкиот терен, десет минути од центарот на градот, петнаесет минути од вештачкото езеро се наоѓа “ВилаГора“. Со својата локација(хотелска зона) ВилаГора им овозможува на своите гости лесен и брз пристап до сите атрактивни места во Крушево. Исто така Крушево е идеално место за попладневни прошетки, јавање на коњи, возење велосипед или параглајдинг.
.....Љубезниот персонал со долгогодишно искуство им нуди на госите удобен и пријатен престој проследен со пријателско однесување и достапност во секое време. Посебно сме горди на тоа што гостите се задоволни и остануваат наши пријатели.